Балканленд

Емина Јаховиќ се враќа на старите корени

Познатата балканска поп пејачка Емина Јаховиќ, која меѓудругото ќе ја видиме на овогодинешното издание на “Пивофест”, се враќа на старите корени. Всушност, станува збор за враќањето во својата семејна куќа во Нови Пазар каде Емина пораснала и живеела се до моментот кога таа се пресели во Турција. Таа по тој повод вложила пола милион евра да се реновира и комплетно да се измени и среди куќата каде сега живеат нејзината мајка и брат. Во самата куќа има преуредено по свој вкус еден кат, а истиот е опремен со мебел и останати детали директно донесени од Турција. Има подготвено играчница за своите деца, како и големо спа купатило.

“Емина многу го сака својот град во кој живееше 20 години. Тука живеат нејзината мајка и братот. Едниот кат ќе го опреми по свој вкус, со модерен мебел од Турција”, изјавила блиска роднина на пејачката.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: