Премиера

Емоции и многу љубов во новата “Знам” на Елена Миленковска (Видео)

Вчера вечер во скопското кафуле “Концепт 37”, нашата позната поп пејачка Елена Миленковска го промовираше видео спотот за новата песна “Знам”. Пред многуте присутни познатата водителка Катерина Тодевска – Спасиќ ја започна промоцијата и воедно го најави она што за цело време изминатиот период БМА продукција вредно го работеше. Видео спотот е мошне интересен со многу емоции и љубов во него, а песната е нешто што мислиме дека идниот период ќе биде голем хит во Македонија.

Elena MilenkovskaОсвен спотот кој е дело на БМА продукција, песната ја подготвија и спакуваа вака да звучи Бертан Аслани и Тони Зен. Се надеваме и веруваме дека “Знам” ќе биде еден од Вашите фаворити ова лето.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: