Музика на кирилица

“Foolish Green” замина на летна турнеја во Германија

Алтернативниот состав “Foolish Green” замина на летна турнеја во Германија, во градот Улм каде што ќе биде дел од Donau Pop Camp програмата. Како единствен претставник од Македонија, “Foolish Green” престојува во Германија до 10-ти jули, каде што групата ќе биде дел од работилници, радио перформанси, фото сесии, но секако и концертни настапи. Настапите на “Foolish Green” ќе се одржат утре во клубот “Schilli”, потоа на 9-ти јули во Donaujugend-Camp, а секако и на затворањето на самиот “Донауфест” во Улм.

“Донау Поп Камп” е инаку дел од Интернационалниот Данубе Фестивал (International Danube Festival). Станува збор за проект креиран од група млади луѓе и во организација на Popbastion Region Ulm Donau, со цел да се поддржи размената на млади музичари од различни земји кои се во близина на реката Дунав и да го поттикне развојот на нивната кариера, како и размената на исикуства и усовршување на музичките вештини со помош на реномирани музички експерти.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: