World Music

Познатиот музички пар Бијонсе и Џеј Зи одат кај брачен советник?!

Светските медиуми на големо пишуваат за несогласувањата во бракот на познатиот музички пар Бијонсе и Џеј Зи. Тие наводно имале on line состаноци со брачен советник, а моментално двајцата се на турнеја наречена “On the run”.

“Иако звучи драстично, одењето кај брачен советник во Америка е секојдневна појава. Свој терапевт имаат веќе со години, а состаноците се обидуваат да ги одржуваат еднаш седмично без разлика каде се, со цел да имаат што помалку проблеми во комуникацијата”, открива анонимен извор. Инаку, славната двојка се венчаше во 2008-та година, а среќата во својот однос сакаат да ја одржуваат пред се поради својата ќерка Блу Ајви, која им е приоритет.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: