Имам нешто да те прашам

Јелена Розга за Музика24: Следната година Ви доаѓам во Скопје

Пред неколку недели во Прилеп се одржа дванесетиот фестивал на скарата и пивото “Пивофест 2014”. Како една од учесничките на овој надалеку познат пиво фестивал во Македонија, беше и мега популарната хрватска пејачка Јелена Розга, која за специјализираниот македонски музички портал Музика24 даде кратко, но сепак интересно ексклузивно интевју пред нејзиниот настап таа вечер.

“Прилеп е преубав град. Се чувствувам возбудено што ќе имам можност, прилика и привилегија да настапам пред толку многу луѓе. Јас сум на музичката сцена 18 години и верувајте ми секогаш пред настап срцето онака затреперува кога ќе видам 100.000 илјади луѓе на едно место и сега сум возбудена додека разговараме и верувајте ми сето тоа не е од пивото (се смее).”, изјави Розга пред својот настап. Таа одговори и на неколку прашања на нашата новинарска екипа.

Музика24: Веќе си мега популарна на Балканот. Кажи ни, дали сметаш дека има натпревар помеѓу тебе и Северина, бидејќи често сте споредувани?

Јелена Розга: Нема конкуренција. Ова не е натпревар, ова е музика, ова е љубов, ова е песна. И двете сме познати пејачки и го работиме истото. Јас со своите колеги сум во исклучително добри односи и немам време да се занимавам со останатите. Размисувам и си ја гледам само својата работа и она што го правам за мојата публика.

Музика24: Дали си заљубена?

Јелена Розга: Да, јас сум заљубена но тој… (се смее). Нема уште многу време, треба да се побрза, иако сум јас млада, неможам повеќе да чекам… Но сепак, има време. Прво албум, турнеја…

Jelena RozgaМузика24: Кога ќе имаме привилегија да те видиме на концерт во Скопје?

Јелена Розга: Јас се надевам следната година. Траба многу да се работи на тој проект, бидејќи кога би работела така голем концерт би сакала тоа да биде беспрекорно добро, совршено… нешто за што долго, долго време ќе се зборува. Тоа веќе го имаме во план, сепак се зависи од новите песни, новиот албум, реалното шоу…

Музика24: Да, слушнавме дека подготвуваш свое музичко реално шоу. Кои се условите и правила за учество и секако дали може да учествуваат и дечките и девојките од Македонија?

Јелена Розга: Се ќе дознаете во врска со реалното шоу. Се ќе биде објавено на мојата фан страна на Facebook и официјалниот You Tube канал.

Музика24: Дали досега си размислувала да снимиш дуетска песна со некое познато македонско музичко име?

Јелена Розга: Сега за сега немаме во план никакви дуети. Но никогаш не се знае, како велат, никогаш не вели никогаш. Засега не, но во идниот период ако се понуди некоја навистина добра песна и згоден дует.

Интервјуто го подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: