Светски познатата пејачка и актерка Шер која има 68 години, често е активна на социјалната мрежа Twitter и го искажува своето мислење, ставови и размислување. Сето тоа понекогаш предизвикува и голема фама кај сите оние кои што ја следат. Таа неодамна пред своите, околу 2 милиони следбеници на Twitter, призна нешто што ретко кој би го направил.
“Понекогаш, многу ретко, станувам лицемерна”, напиша таа на својот профил. Таа своите фанови ги повика да бидат чесни, бидејќи силата на секој човек се крие токму таму, во чесноста како карактеристика на човештвото. Во моментов познатата пејачка е на пауза од нејзината проштална турнеја наречена “Dressed to kill”. Таа со турнејата продолжува следниот месец и признава дека тешко и паѓа помислата дека повеќе нема да прави турнеи.
Подготви: Андреја Андреевиќ
