Познатиот хрватски поп пејач и композитор Тони Цетински решил да го заборави и избрише минатото со својата поранешна сопруга. На местото на старата венчална тетоважа која тој ја имаше ставено на левата рака, ја покри со нова.
“Нова тетоважа преку старата. Избришано минато, па со новата тетоважа во посреќна иднина”, напишал хрватскиот пејач на својот Инстаграм објавувајќи ја сликата од новата тетоважа. Првата тетоважа Тони Цетински ја направил кога склучил брак со својата прва сопруга Ивана Нобило. Во моментот Цетински се наоѓа во Италија каде што го поминува својот годишен и летен одмор.
Подготви: Магдалена Атанасовска
