Музика на кирилица

Се одбројуваат последните денови од конкурсот за “Т’к Так Фест”

Се одбројуваат последните денови од објавениот конкурс за пријавување и учество на третото издание на единствениот македонски демо фестивал “Т’к Так Фест”. Како што велат организаторите, фестивалската програма е официјализирана останува уште да се дефинираат уште неколку ситници односно да се дефинира листата на демо бендови кои ќе се натпреваруваат за наградите кои носат соработки и снимање на песни и албуми во студијата на Јордан Манов, Зоран Алексиќ и Гени Каревски, како и Гран При наградата “Трајко Каров” која на најдобриот тапанар на годинешното издание ќе му донесе награда во вредност од 500 евра.

Деновите се се помалку и помалку, а конкурсот трае речиси уште неполна недела. Право на учество на конкурсот имаат сите бендови кои ќе испратет своја биографија, линк од демо снимки на најмалку три песни од кои две од нив да бидат авторски и една кавер преработка поставена на приватен You Tube канал кои заедно со читко и уредно отчукан текст на песните да се испратат и веодно да се аплицира на следната e-mail адреса:  [email protected]. Не заборавајте, кокурсот трае до 22-ри август, немате уште многу време.

Организаторите не информираат дека конечната листа на учесниците во натпреварувачкиот дел ќе биде објавена на 24-ти август од страна на стручна комисија составена од македонски музичари, критичари и рок легенди.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: