World Music

Објавен најновиот видео спот на починатиот Мајкл Џексон (Видео)

Во текот на денешниот ден на официјалниот Twitter профил на веќе починатата светска ѕвезда Мајкл Џексон, беше објавен најновиот видео спот кој што е подготвен за песната “A place with no name”. Во овој видео спот, кој што ексклузивно е објавен само на оваа социјална мрежа која не случајно е одбрана поради прегледите и споменувањето на неговото име околу 6,4 милиони пати, ексклузивно се вметнати снимки кои досега не се прикажани во јавноста.

Michael Jackson_twitter statusСо ова само се докажува дека и по 5 години од неговата смрт, тој почина на 25 јуни 2009-та година, сепак неговиот дух сеуште живее благодарение на модерните и софистицирани технологии. Во продолжение, бидете едни од првите што ќе го погледнат новиот видео спот на музичката легенда на следниот линк: Michael Jackson – “A place with no name”.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: