Во прв ред

“Бјело Дугме” викендов со концерт во Битола и Кочани (Видео)

Вечерва со почеток во 21 часот на ракометното игралиште во Битола, ќе се одржи големиот и долго најавуван концерт на една од најпознатите рок групи во поранешна Југославија, а и денес, познатите “Бјело Дугме”. Воедно, со овој концерт тие ќе го прослават 40 годишното постоење на музичката сцена. Како што велат организаторите, вечерва сите Вие кои сте нивни верни фанови, како и сите оние кои сакаат да ги слушаат токму нив, ќе можат да уживаат во најголемите хитови од “Бјело Дугме”, “Дивље Јагоде” како и во најголемите хитови на Ален Исламовиќ. Токму Исламовиќ, како нивни последен пејач, ги задржува сите права на сите нивни песни, а и песните кои тој некогаш како вокален солист ги пееше во групата “Дивље Јагоде”.

Со еден збор, вечерва во Битола ќе има вистинска забава, многу музика и секако мнооогу отпеани хитови, кои веруваме дека Ви се многу добро познати. Како специјален гостин на концертот ќе биде нашата позната рок-поп пејачка Дани Димитровска која со својот бенд уште повеќе ќе го зголеми Вашето расположение. Не заборавајте, вечерва концертот започнува во 21 часот на ракометното игралиште во Битола, а утре пак, тие свој концерт ќе одржат во Кочани на Градскиот базен “Аква”.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: