Балканленд

Ќерката на Дино Дворник: Ме труеја со Доместос

Ќерката на починатиот крал на фанкот Дино Дворник Ела Дворни си го отвори срцето на социјалните мрежи и собра повеќе од 63 илјади лајкови. Ела пишуваше за своите пријатели, нивните родители и своето детство се со цел да ги охрабри сите они момчиња и девојки кои и пишуваат дека сакаат да се убијат, кои се повредуваат и изгладнуваат поради другите…

“Морам да го напишам ова. Кога одев во основно моите “пријатели” мораа тајно да се дружат со мене, бидејќи нивните родители не сакаа да бидам “лошо влијание” на нивните деца. Говореа дека ние сме семејство на наркомани и дека јас пушам и се дрогирам и дека се мотам со “сомнителни” типови. Мене родителите ме пуштаа да правам што сакам, но под услов да им кажам се. Не го криев своето прво пијанство, првата цигара, првиот џоинт, ниту првото момче од своите родители. И токму поради тоа никогаш не бев проблематична, ниту пак претерував во нешто. И моите родители секогаш знаеја кај сум, со кого и што правам. Тие истите деца на тие родители лажеа дека спијат кај мене. Излегуваа закопчани до грло, а потоа ја ставаа облеката во хидрантот и облекуваа мини здолништа. А јас седев дома и ги лажев нивните дека спијат.

Сите пиеја и пушеа додека јас играв видео игри со татко ми дома и секогаш ја земав кривицата на себеси. Кога ќе им ги најдеа цигарите, им кажуваа дека се мои и јас потврдував и немав проблеми, бидејќи моите родители ја знаеја вистината. Тие исти пријателки се обидоа да ме отрујат со Доместос кога имав 11 години, а јас одлучив да не ги казнат, бидејќи ми беа единствени “пријатели”. Јас за сите тогаш бев дете без иднина кое ќе умре со игла во раката. Денес ги гледам истите тие клинци, останала трудна на 17 и се омажила зошто мајка и кажала дека така треба. Друга е во комуна со години, третата побегнала од дома со момчето и нема трага од нив…

И не ми е драго поради тоа, би сакала да им помогнам, ако ништо друго некогаш одамна ми беа пријатели и ги сакав, никому не посакувам зло, и не ги окривувам, бевме млади. Родителите некогаш навистина пребрзо донесуваат заклучоци и самите ја уништуваат иднината на децата бирајќи им училишта и пријатели.

Тогаш бев тажна, бидејќи бев несфатена оти сум лузерка и дебела, па се улизував за малку пријателство. Не бев ни убава ни згодна, а ни добра на училиште и се дружев повеќе со момчињата. Тие сите беа прекрасни во розова боја и во глутници, гордост на родителите. Жалев за сѐ што имаа тие, и сега ми е драго што сето ова се случи, што од детството имав прилика да ја осетам неправдата.

И верувам во карма и сакам да ви кажам дека се што сега мислите дека е грозно еден ден ќе се смени. И ако не сте популарни на училиште, тоа не значи дека подоцна нема да бидете. И оној мал “гик” со очила кој не сака да го погледне ниту една девојка ќе стане милионер и сите што го игнорираа ќе сакаат да се на неговата јахта.

Не живејте површински додека сте млади, ќе ви се врати грозно! Бидете подобри, сакајте ги луѓето поради она што се, а не поради она што вие сакате да се. И никогаш немојте да замерувате, врате им со добро на оние што вас ви направиле лошо, оти само така ќе бидете подобри од нив”,  напишала Ела на социјалните мрежи.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: