World Music

Сеќавање: 37 години без Елвис Присли (Фото + Видео)

На 17-ти август пред 37 години почина кралот на рок музиката незаменливиот Елвис Присли. Имаше само 42 години, а зад себе имаше голема слава и товар кој што го носеше истата. Тој претставува легенда која никогаш нема да изумре и да се заборави.

Роден на 8-ми јануари во 1935-та во Тупело, Мисисипи на 13 години со семејство се преселуваат во Мемфис, Тенеси.Тука тој всушност и започнува да ја создава својата музичка кариера. Па така во 1954-та година започнува музички да се активира, за две години подоцна да го издаде својот прв сингл “Heartbreak Hotel” кој за многу кратко време стана вистински хит и најава за големата “елвисоманија” која постепено го зафаќа цел свет.

Веднаш потоа Присли снима голем број на песни, кој денес се повеќе од познати меѓу кои ќе ги споменеме: “It’s now or never”, “Blue suede shoes”, “Susplclous minds”, “Love me tender”, “Are you lonely tonight”… и многу други. Секој негов сценски настап беше посебна приказна сама за себе, со што за тоа време воведе нови стандарди како треба да изгледа еден настап, концерт… Но освен музиката како прва љубов, тој исто така се занимаваше и со актерството. Зад себе има снимено повеќе од 30-на играни филмови кои и ден – денес се секогаш со драго срце гледани.

Elvis _PresleyДа не заборавиме да споменеме дека неговите плочи се секогаш продавани предвреме. Продадени се околу 300 милиони примероци на плочи и синглови кои тој ги издавал. За жал, последната година од неговиот живот била премногу тешка за него. Тој имал здравствени проблеми и тоа со дијабетисот, дебелината, како и од зависноста на лекови што само придонесуваат за неговиот тежок живот. На 16-ти август 1977 година тој почина со дијагноза срцев удар што и ден – денес преставува сомнеж кој одредени негови фанови.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: