Летото е при крај, сведоци сме на одлично лето преполно со журки, забави, концерти кој секој ќе ги памети. За крај на летната сезона за прв пат во Битола српската R’n’B икона, Марко Мандиќ кој направи “бум” на балканските простори со неговите хитови “Рамдагадам”, “Ујутру”, “Добар Дан”, “Много Добро”… за прв пат со спектакуларен концерт во Македонија, Битола.
Добредојдени сте сите стари, млади секој кој е спремен за добра забава, заедно да го испратиме летото со музика и одлична забава на 19-ти септември на Ракометното игралиште во Битола. Покрај тоа што Марко Мандиќ ќе биде главен на бината, како предгрупа ќе не загреваат 3G Бенд од Битола, а ќе завршиме со еден многу познат DJ од нашите простори.
Влезниците во предпродажба ќе бидат пуштени од 29.08 кои ќе изнесуват:
- Од 29.08 до 10.09 – 150МКД
- Од 10.09 до 19.09 – 200МКД
- Влез на врата – 250МКД
За повеќе информации и резервации околу концертот обратетесе на 076 757 269 / 075 879 373.
За Музика24 од Битола: Јовица Пауноски
