Светски познатата поп пејачка Ријана која има 26 години, вели дека сфатила колку алкохолот и штети на нејзината кожа и дека поради алкохолните пијалаци побрзо старее, поради што одлучила да пие само вода.
“Кога ќе забележам дека кожата ми е преуморна целосно го избегнувам алкохолот и пијам само вода. Утрото пред програмата со шоуто на “Шанел” пиев вино и бев уморна од летот. Кога се погледнав во огледало се преплашив . Се запрашав: “Боже која е таа личност, изгледам толку старо”, изјавила Ријана за светските медиуми.
Доколку водата не помога таа им препорачува на жените да користат хидратантна крема, малку кармин и маскара и тврди дека потоа ќе изгледаат подобро.
Подготви: Магдалена Атанасовска
