Досега на неколку наврати ви ги пренесувавме информациите поврзани со Бијонсе и проблемите со нејзиниот сопруг познатиот рапер Џеј Зи. Тие како што пишуваа светските медиуми, тие веќе се во фаза на разведување. Но, во текот на денов се појави нова шокантна вест изјавена од нејзиниот татко и поранешен менаџер Метју Ноулс кој вели дека целата оваа приказна со разводот е измислена само колку да се продаваат билетите за веќе закажаните концерти.
“Сите зборуваат за тоа, а продажбата на билетите расте. Додека сите зборуваат за нивните проблеми и можниот развод, најмоќниот пар не даваше никакви изјави поврзани со тоа, додека Бијонсе на социјалните мрежи постојано објавуваше фотографии од семејната идила, а ги менуваше стиховите на своите песни за да потикне повеќе трачеви”, изјави таткото на Бијонсе за едно хјустонско радио. Бијонсе во моментот е на турнеја со Џеј Зи на заедничката како што велат тие последна турнеја наречена “On the run”.
Подготви: Кристина Секуловска
