Во неделата, на 7-ми септември Прилеп едноставно живееше за речиси најголемиот музички настан со кој може слободно да кажеме дека се затвори сезоната на капење на градскиот базен “Маркови кули” во Прилеп. Аца Лукас беше ѕвездата на вечерта за која многу прилепчани, а и од другите градови, беа дојдени да уживаат во одличната забава, која рака на срце ретко се случува.
И екипата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24, иако неакредитирани, беше дел од концертот на оваа мега популарна балканска музичка ѕвезда и секако ексклузивно накратко Ви ја доловува адмосферата.
Со час и половина доцнење, започна најавениот голем концерт на популарниот Аца Лукас, кој според прилепчани направи одлична забава, но не онаква каква што секогаш ја прави со по неколку часа пеење во Скопје. Во Прилеп тој концертот го започна околу 23 часот, а истиот го заврши некаде околу 01 часот по полноќ. “Лична карта”, “Пао сам на дно”, “Бајпас”, “Дијаболик”, “Истина је да те лажем”, “Умри у самочи”, “Нече мама дочи”… беа само дел од песните кој Лукас ги отпеа пред присутната публика. А тие пак едноставно без грижи, опуштено, се забавуваа и ги пееја речиси сите песни од овој познат пејач.
Во продолжение, Ви прадлагаме да го погледнете видеото до кое дојде Музика24 и ексклузивно први, како и впрочем секогаш, Ве информира за речиси сите музички настани во Македонија.
Одлично е што организаторите кои и да се, ја анимираат младата популација и организираат концерти кои барем малку го полнат градот и прават одлична забава, но освен познати ѕвезди, би било добро истите да посветат малку повеќе внимание на македонските поп или фолк музички имиња кои веруваме дека, можеби не на ист начин, но сепак, ќе направат забава која долго ќе се памети.
Подготви: Андреја Андреевиќ
