World Music

Пејачката Леона Луис минатата година ја поминала депресивно

Светски познатата пејачка Леона Луис изјавила дека минатата година за неа била депресивна година. Таа на својот профил на социјалната мрежа Twitter со својот пост ја споделила информацијата за својата депресија по разделбата со британскиот продуцент Сајмон Ковел.

“Беше бурна година. Емоциите кои ги доживеав оваа година, беа посилни и во позитивен, и во негативен аспект во споредба со се низ што сум поминала во мојот живот. Понекогаш бев депресивна, друг пат бев како на врвот. Стигнав до еден момент сепак, во кој падовите беа повеќе од успесите. Го пишувам ова писмо до сите кои се чувствувале на ист начин”, изјавила таа. Таа истовремено признала дека премногу се грижеча за иднината на своето семејство, но научила да ги блокира негативните мисли.

Инаку оваа позната пејачка потпиша договор со Island Records, ќерка компанија на Universal, и иако таа се плашела за овој чекор, сепак сфатила дека тоа за неа и нејзината кариера е најдоброто решение. Таа откако имала расправии со продуцентите на продуценската куќа на Ковел, самата ја напуштила.

“Ми рекоа да направам песна, која немаше да ме изразува мене самата… Не можам да правам музика која не е поврзана со мојата душа. Колку и да ми беше страв, не можеше да правам повеќе компромиси со себе. Затоа решив да ја напуштам компанијата”, објаснува Луис. Освен за негативните емоции, таа во постот пишува и за убавите нешта во животот. Таа вели:

“Научив да пливам… Не сум сигурна каде ќе стигнам, но сигурно останувам верна на себе. Ќе го следам срцето. Што и да ми донесе иднината, подготвена сум”, ја завршува својата изјава Леона Луис.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: