20-ти септември е датумот кога сите патишта водат кон градот под Исарот, градот познат по пастамајлијадата и “Макфест” – градот Штип. На овој ден за прв пат во Македонија, пред македонската публика ќе се претстави и ќе подготви луда и незаборавна забава познатата светска DJ-ка Boryana, која надалеку е позната по своите одлични настапи. Оваа згодна и преубава девојка освен со својот изглед, ќе Ве остави без зборови и со она што го знае и умее да го направи на сцената, одличната забава, музика и се она што Вас ќе Ве расположи и натера да заборавите на секојдневните обврски, барем за миг.
Домот на младите е местото каде сите Вие ќе можете да се забавувате и да поминете една прекрасна вечер исполнета со многу музика, а влезниците кои се веќе пуштени во предпродажба можете да ги набавите по цена од 70 денари или 100 денари на самиот влез. Освен Boryana, истата вечер, на истата сцена ќе Ве забавуваат нашите познати DJ-и Кристијан Петровски, Ненад Омен и Нино Манчин.
Доколку сакате добра забава, нека патот Ве однесе токму таму, 21 часот стартува почетокот уште една незаборавна забава за која долго ќе се зборува.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24, како и секогаш досега, ги подржува концертите, настапите и манифестациите во кои младите едноставно уживаат и се забавуваат, и овој пат сме еден од медиумски покровители на овој настан.
Подготви: Елена Ивановска
