Нов албум во живо и ДВД на Витни Хјустон ќе излезе на пазарот на 10-ти ноември оваа година, цели три години од трагичната смрт на американската пејачка, најави нејзиниот продуцент Клајв Дејвис.
“Несомнено таа беше еден од најдобрите вокали во светот, беше единствена”, изјави продуцентот за телевизиската станица Ен-Би-Си, откривајки го датумот на објавувањето на албумот насловен како “Whitney Houston – Live”. Имено, станува збор за нејзините најдобри изведби. Таа почина во 48-та година од животот во февруари 2012-та година. Во очи доделувањето на Греми наградите, кои се најважната награда во музичката индустрија.
Таа беше пронајдена мртва во када во хотел во Лос Анџелес. По самата обдукција донесен е заклучок дека таа случајно се удавила, одкако земала кокаин, иако боледувала од срце.
Подготви: Андреја Андреевиќ
