Таа долго време правеше пауза од нејзината пејачка кариера, но не ја запостави онаа другата, диџејската. Фани Христова годинава ја започна работно, а така и продолжи во текот на месеците кои изминаа.Со настап во Сент Морис во Швајцарија, стартуваше нејзината нова работна сезона, а потоа следуваа и низа настапи низ Македонија. Во текот на летото имаше и свој настап на грчкиот остров Иос, а со започнувањето на есента се активираше и во кариерата која ја сака исто како и диџејството, пеењето.
Таа заедно со ди-џеј Навигатор ја сними темата “Finally Over You” која е отпеана на англиски јазик, а како звучи можете да слушнете во продолжение:
Подготви: Магдалена Атанасовска
