Балканленд

Нова песна и заеднички спот на Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински

За неколку дена Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински ќе ја промовираат нивната дует песна. Денеска во Белград во Домот на синдикатите беше снимен и видео спот за песната “Заблуда” која јавноста со нетрпение ја очекува. Композитор и аранжер на дуетот е Жељко, а текстот е дело на Лука Булиќ, а како режисер на спотот се потпишува Ренато Раниера.

“Заедничка идеја беше да направиме песна која ќе остане долго зад нас. Двајцата сме остварени уметници, оние први соништа си ги реализиравме и сега со оваа композиција која нема ниту економска ниту маркетинг причина, едноставно сакаме да поделиме музичка емоција со нашата публика”, рече Жељко. Снимањето на спотот помина во работна, но весела атмосфера, а за доброто расположение беа заслужни Жељко и Тони кои заедно создаваат посебна синергија на гласови, зборови и човечност. Песната “Заблуда”, според зборовите на двајцата, е поинаква од сите останати до сега во нивната кариера, и има посебна вонвременска енергија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: