Во прв ред

Младински музички фестивал “Cover Fest” за прв пат во Прилеп

Во градот под Марковите кули, градот херој Прилеп, на 15-ти октомври (среда) во големата сала на Центарот за културата “Марко Цепенков” ќе се одржи првото издание на младинскиот музички фестивал “Cover Fest”. Целта на овој фестивал е промовирање на млади талентирани пејачи на возраст од 14 до 21 година. Сите учесници ќе настапат со по две изведби, една песна на матрица по свој избор, а другата – македонска, во анплагд верзија.

Како специјален гостин во жирито е ненадминливиот Игор Џамбазов. Покрај жирито, ќе гласа и публиката за својот фаворит. Како и на секој музички фестивал, така и на овој ќе има многу награди. За освоено прво место ќе следува снимање на авторска песна во прилепското музичко студио “R music”, а второ и трето наградените ќе снимаат кавери. Фестивалот е во организација на Асоцијацијата за уметност и култура на деца и млади “Креативити” од Прилеп, која е позната во организирање на многу проекти во кои се вклучени млади. Наскоро ќе очекуваме и видео презентирање за овој фестивал.

Од Прилеп за Музика24: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: