Саботната ноќ во Скопје Сити Мол, ќе остане запаметена како првата и најмасовна “rooftop” забава во Македонија! Со мало задоцнување од 21 часот, на двете модни писти, зачекорија 20 прекрасни девојки и момци од целиот Балкан во најновите колекциите на модните брендови од молот. Вистинско модно шоу, финишираше со долна облека – момент кој го одзеде здивот на присутните. Топ моделите чекореа на пистите, водени од звуци на виолина, подоцна и од двајца перкусионисти, а целото шоу беше проследено и со перформанс на паркури.
По завршувањето на модното шоу, просторот на петтото ниво на катната гаража беше брзо адаптиран за еден од најхаризматичните, воедно најспецифични македонски диџеи – Кирил Џајковски. Во полн состав, Џајковски приреди двочасовно шоу за паметење. Огромен број посетители, еуфорично се забавуваа на неговите хитови до доцна во ноќта. Не смее да се заборави и ТК Вондер, девојката која ги поздрави Скопјани со фразата “Го сакам Скопје!”.
Гости на роденденот беа голем број пријатели на Скопје Сити Мол, соработници, новинари, пејачи, претставници на естрадата, македонски јавни личности, а сите на свој начин, порачаа – Среќен роденден, Скопје Сити Мол!
Подготви: Музика24
Фото: skopjesenosi.mk / skopjecitymall
