24 Ексклузивно

Ексклузивно: Јулија на фолк фест Филиграни ќе пее за мајка Богородица

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава дека на престојното издание на фолк фестивалот “Филиграни” нашата позната македонска пејачка, а од неодамна и тв водителка Јулија ќе настапи со песната “Мајко божја”. Текстот за оваа песна го подготви токму таа заедно со Бранко Николовски, додека музиката и аранжманот се на Оливер Глигоров. Песната се снимаше во студиото на познатиот Горан Милошески.

Екипата на Музика24 први и ексклузивно имаше можност да ја чуе демо верзијата за оваа песна која несомнено ќе биде еден од фаворитите на овој фолк фестивал. На нашата позната македонска пејачка и посакуваме многу успех и одличен настан на фестивалот. Инаку, фолк фестивалот “Филиграни 2014” ќе се одржи на 24-ти октомври во Домот на АРМ во Скопје.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: