Музика на кирилица

Елена Велевска предизвика висок притисок во Америка

Фолк дивата Елена Велевска, која е на турнеја во Америка, Новата година ја дочека во Њу Џерси. Облечена во зелена, долга светкава тоалета Велевска успеала атмосферата да ја крене на завидно ниво, а гостите најмногу се расположиле кога Елена ја запеала “Висок притисок”.

Гастербајтерите уште еднаш ја покажале својата дарежливост, а доказ за тоа се и доларчињата кои летале околу предницата на пејачката. За Божиќ е закажан уште еден настап во Њу Џерси, а потоа турнејата продолжува со настапи во Чикаго, Детроит, Индијана, Њујорк и Рочестер.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: