Македонскиот поп пеач Јоце Панов, како што веќе пишуваше Музика24, ќе го промовира српското издание на својот втор албум “Огнени печати” (“Ватрени печати”) утре во Белград, кој е во издание на белградскиот “Сити Рекордс”.
Албумот има 14 нови песни и 5 бонус песни, меѓу која е и познатата “Ти пеам песна” и преработката на “Ивана” од познатиот Кемал Монтено. На повеќето песни продуцентот Миро Буљан се појавува и потпишува како автор, инаку познат и по продуцирањето на повеќето песни на Тоше Проески, кои денес се големи хитови.
Промоцијата на српското издание на албумот ќе се одржи во белградскиот клуб “Колектив” со почеток во 20 часот, а истата се одржува токму на денот на роденденот на Јоце. Според најавите, на промоцијата треба да се појави и фолкерот Џеј Рамадановски кој заедно со Јоце ќе исполнат неколку песни. Изненадувањето на промоцијата е тоа што Јоце ќе има дует со српска позната ѕвезда, која што ќе остане тајност до самата промоција.
Подготви: Марија Поповска
