На денешен ден пред точно 5 години стартуваше вашиот омилен и единствен македонски музички портал Музика24, кој со текот на времето преживеа голем број на промени, што визуелни што содржински, но сепак останавме верни само и само на музиката. И денес како и на самиот почеток, идејата и желбата за навремено и точно информирање за се она што се случува во областа на музиката живее во нас и секојдневно работиме и создаваме нови нешта, кои понекогаш во даден момент не ги гледате, но со тек на времето понатаму се прикажуваат и објавуваат на музичкиот портал.
Иако во моментов сеуште работиме на подобрување на изгледот на Музика24 и абдејтирање на некои делови од него, во многу брзо време повеќето од веќе заборавените рубрики повторно ќе бидат активирани, и младата и амбициозна екипа од Музика24 наскоро повторно преку текстовите, интервјуата и се она за што ни пишувате секојдневно ќе се дружи со вас.
Ви благодариме на големиот број на честитки и ви посакуваме убав и позитивен декемвриски ден.
Подготви: Редакција Музика24
