Балканленд

Јосипа Лисац најавува балканска турнеја

Со концерт во фебруари, познатата хрватска поп пејачка Јосипа Лисац ја најавува својата голема балканска турнеја. Првиот концерт ќе се одржи во Белград на денот на вљубените во “Сава центар”. Таа за овој предизвик и воопшто за концертната турнеја изјавува:

“Најубавите средби се искрените, вистинските и пријателските. Секогаш сум сакала низ музиката да испратам порака на љубов и пријателство. Тоа е најубавото нешто што може да ни се случи”, вели пејачката Лисац.

Оваа скромна но сепак интересна и енергична пејачка, остави голем белег на југосовенската и хрватска музичка сцена со нејзините препознатливи и добро познати: “Магла”, “Хир”, “Где Дунав љуби небо”, “Богиња”, “Данас сам луда”. 20 години зад себе имаше одличен брак со музичарот Карло Метикош кој почина во 1991-та година. Пејачката за тој дел од нејзиниот живот вели дека е најубавиот на професионален и приватен план.

“Карло ги направи моите најубави песни што живеат и денес. Го создаде антологискиот албум “Дневник једне љубави”. Со него ги поминав најубавите мигови на кои сум горда”, додава пејачката Јосипа Лисац. Се надеваме дека дел од големата балканска турнеја на оваа голема пејачка ќе биде и нашата метропола.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: