По цели 15-на години, познатиот македонски пејач Владо Јаневски конечно имаше интервју, каде беше прашан за неговите почетоци, за неговата кариера и за се она што ги интересира неговите фанови, кој и не се во мал број. Тој во тв емисијата “Еден на еден” која ќе се емитува утре, 31-ви декември со почеток од 19.15 на тв Телма, меѓудругото објаснува и зошто го немаше толку долго време во јавноста, зошто ги игнорираше медиумите, каков е неговиот љубовен живот, на која песна знае да пушти солза, за неговите вонбрачни деца… и многу други детали и ситници од неговит живот. Репризното издание на новогодишната “Еден на еден” ќе имате прилика да ја погледнете на Божиќ во истиот термин, 19.15 часот.
Подготви: Марија Поповска
