Балканленд

Бора Чорба бара прошка: На “Пинкови ѕвезди” недолично се однесував

Откако во “Пинкови ѕвезди” се појави пијан, Бора Ѓорѓевиќ на јавноста реши да и се обрати со соопштение во кое призна дека лажел и побара прошка. Фронтменот на “Рибља чорба” признал дека ја прекинал терапијата, зашто мислел дека може без алкохол, но рекол дека сега искрено се кае.

“Искрено жалам што дојдов пијан на снимањето на “Пинкови ѕвезди” и недолично се однесував. Точно е дека се лекував со Есперал и дека ја прекинав терапијата мислејќи дека можам без алкохол. За жал, мали количества се доволни да предизвикаат пијанство. Продолжувам со терапијата. Исто така, ми е жал што ги излажав новинарите дека не сум пијан. Свесен сум за одговорноста која ја имам како јавна личност и жалам што со лош пример влијаев врз оние кои ме сакаат”, навел Ѓорѓевиќ во своето соопштение. Инаку, досега Бора во неколку наврати се обиде да се излекува од овој свој порок, но, за жал, безуспешно.

“Прв пат прекинав во 2000-та година кога имав сериозни здравствени проблеми. Еден поглед на мртовечницата беше доволен да сфатам некои работи. Девет години не консумирав, но повторно почнав. Ги испив и Дунав, Сава и двете Морави, но повторно престанав”, раскажал во едно свое интервју Ѓорѓевиќ, кој пред некое време решил повторно да му каже збогум на алкохолот. Но очигледно не му оди баш од рака, иако, како што рекол, прима опасен лек кој во комбинација со алкохол може да предизвика дури и срцев удар.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: