Музика на кирилица

Деби албум и прва европска турнеја на скопското трио “You” (Аудио)

Скопскиот емо-скримо-панк бенд “You” на 21-ви јануари во бифето на Младинскиот културен центар концертно ќе го промовира својот прв албум насловен “We sing the blues”. Материјалот е снимен во студиото “Алшар”, миксот и мастерингот се на Ивица Јанкуловски – Штраф, а обвивката на цедето ја дизајнираше Марко Крстевски, вокалист и гитарист на групата.

Покрај Крстевски, во триото основано во октомври 2015-та, членуваат и Мартин Митевски (бас-гитара, вокал) и Тејка Васиљевиќ (тапани, вокал). Во мај годинава групата ќе замине и на својата прва европска турнеја. Билетите за претстојниот концерт се веќе пуштени во претпродажба по цена од 200 денари, а на самиот ден ќе чинат 250 денари.

Веќе се објавени првите два сингла од новото издание, а како звучат “Saudade” и “Lost love”, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: