World Music

Аријана Гранде и Џон Леџенд со дует за насловната песна на “Убавицата и ѕверот” (Фото)

Дваесет и три годишната американска пејачка на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од студиото во кое снима, а притоа означувајќи ги Џон Леџенд и официјалниот профил на филмот “Вeauty and the Beast”. Истата слика набрзо беше поставена и на официјалниот профил на филмот “Вeauty and the Beast”, по што започнаа шпекулации за тоа што Аријана сакала да каже со фотографијата.

Кратко потоа беа отстранети сите сомнежи и беше официјално објавено дека Аријана Гранде и Џон Леџенд ќе ја пеат насловната песна на филмот, во кој главната улога ја има актерката Ема Вотсон.

Подготви: Филип Етмисовски

Можеби ќе ве интересира: