Се е подготвено за празнување на големиот јубилеј 20 години “Златна бубамара на популарноста”, соопштија од радио Бубамара. На 20-ти февруари во Метрополис арената ќе се одржи јубилејното 20-то издание од најпопуларната и најгледана манифестација. Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на оваа манифестација која што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените.
Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Ако се прашувате “Што е тоа?”, мотото на манифестацијата е: “Што ќе биде, нека биде!”.
Во изминативе 19 години секое издание на “Златна бубамара на популарноста” се раскажува и се прераскажува со години и со децении, тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат.
За последен пат оваа година во Македонија – Златна бубамара на популарноста.
Подготви: Александра Блажевска
