Магазин

Предконцертно, Владо Ѓоргиев во Скопје (Фото)

Претпоставуваме веќе сите знаете, балкански познатиот пејач Владо Ѓоргиев заедно со својот хрватски колега Тони Цетински на 18-ти фебруари во ВИП арената “Борис Трајковски” ќе одржат голем концерт каде заедно ќе ја забавуваат македонската публика, која одамна вистински не се забавувала. Иако до 18-ти фебруари има време, Владо Ѓоргиев, што работно што приватно вчера пристигна во Скопје, а по краткиот одмор тој вечерта ја искористи за прошетка низ глaвниот град да ги види, а воедно и да се фотографира со некој од спомениците во строгиот центар на градот.

Какви впечатоци му остави центарот на Скопје на пејачот Ѓоргиев тоа наскоро ќе дознаеме, но интересно во целата приказна е тоа што на социјалните мрежи постираше фотографија на која што е фотографиран со препознатливата триумфална капија пишувајќи го следниот пост: “Една од моите најомилени триумфални капии е оваа во Скопје”.

Веруваме дека одлично го прошетал центарот на градот на овие минусни степени.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: