World Music

Миг Џегер сака “Ролинг стоунс” да одржат концерт во Сараево

Властите во Сараево преговараат за организирање на концерт на славната британска рок група “Ролинг стоунс” во градот под Миљацка, јави босанскиот портал Кликс. Концертот треба да се оддржи во мај на стадион “Кошево”.

“Идејата за концертот во Сараево, пред се, била желба на фронтменот на групата Мик Џегер”, соопшти заменик началникот за образование, култура и спорт Рамиз Кадиќ. Преку посредници Џегер изразил желба да дојде во Сараево и да оддржи концерт за регионот, токму во босанската престолнина.

“Сараево понуди за половина пониска цена од онаа што ја плати Загреб за гостувањето на “Ролинг стоунс”, изјави Кадиќ. На просторите на поранешна Југославија, британската група досега два пати гостувала во Загреб, во 1976-та и 1998-та година и еднаш во Белград, во јули 2007-та година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: