Битолскиот состав “Маестрал” наскоро ќе ја промовира новата песна “Печалбарска”. Како што дознава Музика24, во подготовка е видео спот што премиерно ќе биде прикажан на дел од македонските музички телевизии. Во меѓувреме, членовите на оркестарот неодамна ја завршија турнејата во САД, а со македонските популарни фолк пејачки Џесика Палашовска и Татијана Стефановска за новогодишните и божиќните празници ги забавуваа и македонските иселеници во Канада. Овој битолски состав наскоро заминува на уште една турнеја во Австралија. Концертите ќе се одржат во Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Гилонг и во Перт.
Подготви: Александра Блажевска
