Во прв ред

Бидете брзи: Влезниците за концертот на Владо Горгиев и Тони Цетински речиси се распродадени

 

Ситно се брои до најголемиот музички спектакл оваа година – концертот на едни најголемите имиња во светот на музиката, Владо Георгиев и Тони Цетински, закажан за на 18-ти февруари во спортската сала ВИП арена “Борис Трајковски”. 70 % од влезниците се распродадени, а истите до 15-ти февруари ќе останат по симболична цена од 600 денари за партер и 700 денари за седење. Затоа, не губете време и резервирајте карти преку онлајн-мрежата на “купикартизасе” или пак купете од музичката продавница “Пола Југотон”, “Розе Веро2” и “Скопје Сити мол”.

“Остануваат уште многу мал број на билети. Владее огромен интерес кај публиката како за никој досега. Бидејќи ова е прв и единствен концерт во регионот, заинтересирани се луѓе и од околните градови од Србија, потоа Косовска Митровица и уште неколку други градови. Со оглед на тоа дека Владо и Тони првпат во животот пеат заедно и ќе бидат на иста сцена, ова ќе биде еден од најдобрите концерти оваа година”, велат организаторите на овој концерт. Не заборавајте дека има и организиран превоз и од сите градови во земјава. За повеќе информации во врска со концертот, кликнете на следниот линк: Концерт Владо и Тони, 18-ти февруари.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: