Балканленд

“Сан Ремо” ќе го донесе италијанскиот евровизиски претставник

Со изведба на 16 песни, вечерва завесата ќе се спушти на 67-то издание на фестивалот на италијанската канцона “Сан Ремо”. Фестивалот поради својата голема популарност од пред дваесет години го воведе и изданието”Сан Ремо млади” кое се одржува во ноември и од каде се бираат млади изведувачи кои во февруари настапуваат на сцената на салата “Аристон” заедно со веќе добро познати имиња на италијанската музика.

Годинава за најдобрите ќе се гласаат, жири од публика и жири составено од експерти во музиката, жири од новинарите акредитирани на фестивалот и преку телевоутинг. Победникот од фестивалот ќе ја претставува Италија на годинешното 62-ро издание на Евровизија во Киев, Украина. Италијанскиот водител и шоумен Карло Конти и годинава е водител на фестивалот, а како помошничка ја имаше презентерката Марија де Филипи.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: