Младата и надежна македонска пејачка која пред речиси два месеци ја промовираше својата втора песна со видео запис насловена “Не можам без тебе”, Тамара Ангеловска при интервју за албанската телевизија ТВ Клан отпеа рефрен од баладата “Тајно моја” од Тоше Проески и предизвика бура од емоции во студиото. На последното интервју во емисија на албанската телевизија на барање на домаќинот да отпее некоја песна која ја тера да плаче, Тамара без многу двоумење се одлучи да го отпее рефренот од “Тајно моја”на Тоше Проески. Покрај видео-каверот за моќната преработка на “Suus” од Рона Нишлиу, пејачката ја промовираше и својата втора македонска песна пред албанскиот аудиториум.
По јавната пофалба за моќната изведба на “Suus” од Рона Нишлиу, Ангеловска почна да добива голем број на повици за гостување во емисии и интервјуа за највлијателните медиуми во соседна Албанија. А како звучеше “Тајно моја” во изведба на Тамара можете да слушнете во продолжение.
https://www.facebook.com/tamaraangelovskaofficial/videos/1540605119297824/
Подготви: Марија Поповска
