Премиера

Погледнете: Анита Мицова со видео спот за новата песна “Биди добар” (Видео)

Македонската пејачка Анита Мицова, на денот на виното и љубовта, ја престави својата нова песна насловена “Биди добар”. Во оваа балада чии автори се Весна Малинова и Кирил Бабамов, свој удел во инструменталниот дел има еминентниот музичар Ратко Даутовски, а зад нејзината екранизација застана Даниел Јовески.

“Со песната, со спотот, односно со целиот овој проект, креативноста во него, сакавме да ја пренесеме мојата порака “со љубов, за љубов”, а тоа најубаво се прави преку музиката и преку видеото за неа. Не случајно за тоа е избран и овој ден, кога ги славиме виното и љубовта”, вели Анита. Оваа година се очекува и промоција на албумот со наслов “Ти сум јас”.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: