Уште со самата појава на музичката сцена тој ги освои срцата на публиката во Бугарија, но дека е доста почитуван и сакан и зад граница се потврди и со неговиот настап во “Cafe Bar Select” во Струмица, кон крајот на јануари. Фики Стораро кој меѓудругото е прогласен за Пејачот на 2015-та година, ги израдува присутните не само со своите поп-фолк хитови, но и со познати македонски народни песни, со што настапот се претвори во еден мал концерт, на кој Фики направи и премиера и на својот прв музички албум “Is This Love”, кој излезе кон крајот на минатата година.
Пејачот кој е дел од музичката продукциска музичка куќа “Пајнер”, не го скри своето задоволство од топлото гостопримство во Македонија и сподели дека наскоро очекува повторно покана за настап во нашата држава.
Подготви: Наташа Секуловска/Estrada World
