Авалон продукција која изминатиот период не изненади со навистина одлично совршени настани и концерти, со огромно задоволство ви најавува дека настапот на светски познатиот DJ Martin Garrix во Скопје, на претстојниот спектакл “Skopje Calling 2017” е веќе најавен на неговата официјална веб страница: martingarrix.com. Ова ќе биде прв настап на овој млад, а така познат DJ во Скопје и прв во регионот откако е прогласен за World no.1 DJ.
Иако има само 20 години, Martin Garrix во моментов не само што е No.1 World DJ и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella. Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст со мега-платинестиот хит “Animals”, а во моментов е актуелен со хитовите “In the name of love” со Bebe Rexha и “Scared to be lonely” во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.
За неговата огромна популарност говори и фактот што интересот за неговиот настап во Скопје е исклучително голем не само во Македонија, туку и во земјите од Југоисточна Европа. Билетите за настапот на Martin Garrix во Скопје, од денес се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се во Македонија, како и преку глобалната мрежа Евентим во регионот.
Подготви: Викторија Трајковска
