Во прв ред

Вечерва во МКЦ голем хуманитарен концерт

Вечерва во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот скопјани ќе имаат чест да бидат дел од хуманитарниот концерт “Friends2Friends” . На сцената присутните ќе имаат можност во живо да ги слушнат и видат познатите: “Фолтин”, “Темпера”, диџеј Гоце САФ, диџеј Чваре, Тони Зен, “Милко”, “Мугер Фугер”, “Сетстат”, “Алтер Виво”, “Јаничари”, “Конкуеринг лајон”.

Мотив за организирање на настанот на кој ќе настапат изведувачите, како што велат организаторите, е пожарот што се случи зимава во “Макотекс” во кој изгореа инструментите и студиото на голем број музичари. Зградата на “Макотекст” беше позната како објект во кој твореше и снимаше скопската алтернативна и рок-сцена. По пожарот следеше и поплава што ја уништи архивата на бендовите што со децении ја создаваа. Освен музичката програма во фоајето на МКЦ за време на фестивалот ќе се организираат низа забавни активности и изненадувања за кои се погрижи граѓанската иницијатива “Мрдни со прст”. Билетот за хуманитарниот концерт ќе чини 100 во претпродажба и 200 на врата.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: