Балканленд

Промовирана македонската евровизиска песна “Dance alone” (Видео)

Во специјално издание на музичкиот магазин “Стисни Плеј”, МРТ ја промовираше македонската евровизиска песна “Dance alone”. Истата ја потпишуваат Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Борислав Миланов од “Symphonix International” кои претходно работеле со голем број реномирани музички имиња како Кели Кларксон, Џон Леџенд, Лејди Гага, Мајли Сајрус и многу други. Исто така овој тим беа потписници и на “Лисја есенски” на Даниел Кајмакоски.

“Добивме повеќе од двесте песни, меѓу нив навистина прекрасни музички дела, но уште од самиот почеток на отворениот повик во ноември 2016-та “Dance alone” на целиот тим ни остана длабоко врежана во меморијата. Сметаме дека имаме фантастична песна, којашто совршено го отсликува темпераментот и енергијата на Јана, а ни дава и одлична подлога за спектакуларен сценски настап”, изјави Мери Попова шеф на Македонска евровизиска делегација.

Спотот за “Dance alone” е во режија на русинот Сергеј Железко, а кореографијата ќе ја осмисли Амбра Сучи, танчер, кореограф од Шведска. Амбра досега работела на многу сценски настапи на Евровизија, меѓу кои оној на бугарската претставничка Поли Генова од минатата година, како и победничкиот настап на Лорен во 2012-та година. За стајлингот ќе биде задолжена Антонија Ристовска, а официјален мејк ап артист за Јана во Киев ќе биде Александар Билјановски-Дадар.

Во организација Македонската Радио Телевизија Јана ќе има промотивна турнеја во најголемите евровизиски промотивни концерти во Лондон, Тел Авив и Амстердам. Нашата евровизиска претставничка настапува на 11-ти мај во првата половина на второто евровизиско полуфинале.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: