Европската радиодифузна унија го објави редоследот за настапување во двете полуфиналиња на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи од 9-ти до 13-ти мај во Киев, Украина. Редоследот го одреди овогодинешниот продуцент според систем кој функционира од 2013-та година, а чија цел е целата манифестација да биде повозбудлива и поинтересна.
Ова е редоследот за првата полуфинална вечер:
- Шведска
- Грузија
- Австралија
- Албанија
- Белгија
- Црна Гора
- Финска
- Азербејџан
- Португалија
- Грција
- Полска
- Молдавија
- Исланд
- Чешка
- Кипар
- Ерменија
- Словенија
- Латвија
Додека редоследот за второто полуфинале, во кое настапува и Македонија е:
- Србија
- Австрија
- Русија
- Македонија
- Малта
- Романија
- Холандија
- Унгарија
- Данска
- Ирска
- Сан Марино
- Хрватска
- Норвешка
- Швајцарија
- Белорусија
- Бугарија
- Литванија
- Естонија
- Израел
Подготви: Филип Етмишовски
