Како што пишува Радио Илинден од Мелбурн, македонците кои што работат и живеат во Австралија, Америка, Канада… и другите европски земји, се многу налутени на Елена Велевска нашата позната македонска фолк пејачка поради изјавата која што и ние од музичкиот портал ја постиравме, а истата беше дадена за бугарската музичка телевизија Планета, а се однесува на она кои познати бугарски песни ги пее Велевска на своите настапи во Австралија, а Велевска пак одговара дека тоа се “Облаче ле бело”, “Јовано Јованке”.
https://www.facebook.com/gledytv/videos/1199204443510052/
Поради дадената изјава на ТВ Планета, а во пресрет на турнејата која што Велевска ја најави, Радио Илинден од Мелбурн ги повикува сите македонци кои што живеат во Австралија и другите веќе споменати земји, да ги бојкотираат нејзините настапи и турнеја поради навреда на македонската народна музика и незнаење на тоа кои песни од каде потекнуваат.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 во продолжение во целост ќе ви го пренесе нивниот став и зошто тие се одлучиле на овој чекор:
“Вакви будалетинки излегувале многу во минатото, но никој не очекуваше ова ќе се случи од фолклерката Елена Велевска, таа за бугарската телевизија Планета изјави цитираме: Во Австралија многу се пееле бугарските песни Јовано јованке, Ај кажи, кажи облаче бело…..
Радио Илинден повикува Фолклерката Елена Велевска да е се извини на македонската јавност, а и истовремено бидеќи моментално Елена Велевска е на турнеја во Австралија повикуваме да се бојкотираат концертите и еднаш засекогаш да се престане со вакви антипропаганди против Македонија, Македонскиот Народ, Култура и Музика”, пишуваат и повикуваат од Радио Илинден од Мелбурн
Во меѓувреме на својот фејсбук профил фолкерката Елена Велевска со постирање на една од најновите нејзини песни “Една е мајка” напиша:
“Јавно им се извинувам на македонците низ целиот свет за моето интервју на тв Планета каде што погрешно се изразив и тврдам и стојам зад тоа дека “Јовано Јованке”, “Кажи, кажи облаче ле бело” се македонски песни, препеани и во Бугарија и се пеат на секој настап. Ги поздравувам сите иселеници со мојата најнова песна”.
После јавното извинување на фолк пејачката сеуште нема реакции од страна на Радио Илинден или било кој друг, но искрено очекуваме сето ова да заврши со прифаќање на веќе даденото извинување и на можеби ненамерната грешка од страна на фолк пејачката.
Подготви: Влад Петров
