World Music

Поради бактерија Елтон Џон заврши во болница

Британскиот пејач Елтон Џон мина две ноќи на интензивна нега поради можна смртоносна бактериска инфекција. Тој ги откажа сите свои концерти до крајот на мај, изјави неговата портпаролка Френ Куртис. Според нејзините кажувања, британскиот музичар се разболел по враќањето од турнејата во Јужна Америка, која заврши во Чиле на 10-ти април. Иако не рече за што точно се работи, се истакнува дека пејачот се заразил со “штетна и необична бактериска инфекција”. Откако е пуштен од болница во саботата, Елтон Џон се наоѓа на домашно лекување.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: