Македонскиот музичар Кирил Џајковски го најави своето учество на овогодинешниот “Д-фестивал” во Дојран, тој ќе настапи со бендовска формација во состав на различни музичари и вокални гости. Со што оваа година на фестивалот ќе настапи уште една голема ѕвезда. Покрај Џајковски, продукцијата “Пасворд”, објави дека на сцената на “Д-фестивал” ќе настапи и групата “Сарс”. Во листата на учесници има и уште неколку нови млади бендови од домашната сцена.
Подготви: Филип Етмишовски
