Младата македонска поп пејачка Ања Ветерова, неодамна ја промовираше својата најнова песна “Рамбамбам”, за која што промовираше и видео спот. По она што го слушнавме и видовме, слободно може да кажеме дека оваа песна ќе биде нов летен хит, нешто со што оваа млада поп пејачка може да се пофали, а сето тоа звучи и изгледа онака светски, баш како што и треба.
Интересно е што зад целиот производ се потпишува познатата српска продуценска куќа “IDJ Digital” која што соработува меѓудругото и со познати балкански музички имиња меѓу кои ќе ги споменеме: Северина, Милан Поповиќ, Реља Поповиќ, Џенан Лончаревиќ, Сандра Африка… и многу други. А од неодамна, и нашата млада пејачка Ања Ветерова е дел од ова големо музичко семејство.
Во продолжение, ви предлагаме да го погледнете видео спотот и истовремено да ја слушнете новата песна на Ања “Рамбамбам”.
Подготви: Александра Блежевска
