Македонскиот пијанист Симон Трпчески следната недела, на 18-ти мај, ќе ја има премиерата на својот најнов проект наречен “Македонисимо“ во рамките на престижниот Фестивал во Лудвигсбург, Германија. Музичката обработка на песните е на композиторот Панде Шахов а проектот вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни.
На светската премиера во Лудвигсбург, покрај маестро Трпчески ќе настапат: виолинистот Александар Краповски, виолончелистот Александар Сомов од Бугарија, на кларинет, саксофон и на кавал, ќе настапи Хидан Мамудов , а на удиралки Влатко Нушев.
Подготви: Филип Етмишовски
